
Голем број училишта во Велс се итно затворени, откако полицијата добила дојава за „сериозен напад“.
Според првичните информации, напад имало и во Аберфан. Неофицијално станува збор за прободување.
Засега не се знае што точно се случило, само соопштено е дека неколку образовни институции на оваа територија се во карантин и дека учениците се затворени заради нивна безбедност.
Полицијата на Јужен Велс издаде соопштение во кое се вели: „Итните служби реагираат на сериозен напад што се случи во Аберфан непосредно пред 9.10 часот утринава. Вооружени полицајци се во областа и ги молиме луѓето да ја избегнуваат областа за да можеме ефикасно да се справиме со овој. инцидент“, се наведува.
На улиците има многу припадници на полицијата и итната помош, а хеликоптери ја надлетуваат областа.