Републиканците го напуштија брифингот за барањето на Бајден за помошта на Украина и Израел

Републиканските сенатори го напуштија брифингот за барањето администрацијата на американскиот претседатѕел Џо Бајден за помошта на Украина и Израел, бидејќи не добија одговор од демократите на нивните предлози, изјави за медиумите Мит Ромни, член на горниот дом на Конгресот.

„Републиканците едноставно излегоа од брифингот, бидејќи луѓето таму не беа подготвени да разговараат за тоа што е потребно за да се постигне договорот. Немаше причинна да се седи и да се слушаат луѓето (од претседателската администрација) коишто зборуваат за важноста да им се помогне на Израел и Украина. Ние тоа го знаеме и сме согласни со тоа“, изјави Ромни за новинарите.

Со тоа пропадна „тајниот брифинг“ што го иницираа демократите во Сенатот, на кој според најавите во медиумите било планирано републиканските сенатори да бидат убедени особено во важноста од доделување нови средства за Украина во нејзината војна со Русија. Учеството „во последен момент“ го откажал и украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Челникот на републиканското малцинство во Сенатот, Мич Мекконел од своја страна ги повика сопартијците да не го поддржат барањето на Белата куќа.

„Се надевам дека сите членови ќе гласаат против да се продолжи со нацрт-законот… ние се залагаме за значителни измени на лимитите“ за висината на помошта, изјави за медиумите Мекконел.

Претседателот Бајден претходно од Конгресот побара вкупно 106 милијарди долари помош за Израел и Украина, но не доби јасна поддршка. Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците гласаше само за поддршка Израел, но Сенатот во кој контролата ја имаат демократите ја блокираше таквата инцијатива.

Бајден изјави дека нема да потпиште никаков нацрт-закон за доделување помош само за Израел без Украина, доколку Конргресот и одобри таков документ, а републиканците во долниот дом инсиситраат на засебна дискусија за поддршката на Киев.

Неподготвеноста на републиканското мнозинство во Претставничкиот дом да се договори за резервирање на средствата за помош на двете земји, двапати последните месеци ја доведе владата на САД до „затворање“ поради неможноста да се одобри буџетот. Притоа законодавците двпати се согласија за привремен буџет, со што засега е избегнато блокирањето на сервисирањето на обврските на сојузната американска влада.

Во меѓувреме, како што наведуваат медиумите повикувајќи се на извори во администрацијата на претседателот Бајден, се истрошуваат претходно доделените пари, поради што се намалуваат пакетите со воена помош и оружје особено за Украина. На почетокот од ноември, координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби објави дека Вашингтон потрошил 96 отсто од сите средства наменети за поддршка на Киев од почетокот на руската инвазија во соседната земја.

Според телевизиската мрежа NBC News, владејачките демократи и опозициските републиканци се обиделе да ги усогласат своите позиции по барањата на претседателот Бајден за дополнителна поддршка на Украина, Израел и Тајван, но тие преговори не успеале бидејќи не можело да биде постигната усогласеност околу барањето на републиканците за заострување на законите кои се однесуваат на миграцијата.

Доколку Конгресот не успее да се договори за помошта на Украина, таков обид ќе треба да биде направен по Божикните празници, кои започнуваат на 14-ти декември за конгресмените и ден потоа за сенаторите. Претставничкиот дом ќе ги продолжи своите активност на 9-ти јануари, а ден претходно ќе се собере Сенатот.