ЦУК со известување како да повикате помош при несреќа на планина, а немате мрежа на мобилниот

Центарот за управување со кризи информира дека дава безрезервна поддршка на планинарството.

Доколку доживеете несреќа или ви се појават здравствени проблеми на планина или наидете на планинар на кого му треба помош, веднаш јавете се на 112. Доколку мрежата е слаба или повремена веднаш испратете СМС со текст “помош” и локација (стиснете на “испрати локација”). Операторите од 112 ќе ве пронајдат и ќе испратат помош, велат од ЦУК.

Од ЦУК посочуваат дека на граѓаните, исто како и вработените на ЦУК, на располагање им стои и возилото „Ровер Дефендер“.