Кинескиот извоз ја задржа цената на нафтата близу 75 долари

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во четвртокот во близина на нивото од 75 долари, бидејќи податоците за кинескиот извоз ја надминаа загриженоста за побарувачката во САД и Кина, обезбедувајќи противтежа на високото американско производство.

На лондонскиот пазар цената на барелот во доцното попладневно тргување беше повисока за 60 центи отколку на затворањето на тргувањето ден претходно и изнесуваше 74,90 долари. Вчера ја затвори трговијата со загуба од 2,90 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по повисока цена од 56 центи, по 69,94 долари. Вчера го затвори трговувањето со загуба од 2,94 долари.

Организацијата на земјите производтители на нафта (OPEC) одделно извести дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во средата паднал за 1,70 долари на 78,31 долари.

Пазарите вчера беа потресени од скокот на залихите на бензин во САД минатата седмица за дури 5,4 милиони барели, според извештајот на Министерството за енергетика, што сигнализира слаба побарувачка. Аналитичарите очекуваа многу поскромниот раст.

„Иако не е на шпицот сезоната на потрошувачка на бензините, но побарувачката за продолжениот викенд на Денот на благодарноста беше слаба“, објаснува Џон Килдаф од „Again Capital LLC“.

„Постојат знаци на колапс на побарувачката на бензин“, заклучи Денис Кислер од „BOK Financial“.

Падот на залихите на сурова нафта за 4,6 милиони барели не го подобри расположението на пазарот, бидејќи трговците се фокусираа на високото ниво на производство.

Во четвртокот, нервозата беше поттикната од податоците кои покажуваат пад од 9 отсто на увозот на нафта во Кина во ноември во споредба со истиот месец минатата година, што е одраз на послабата побарувачка во услови на високи залихи и слаби економски показатели.

Инвеститорите беа донекаде охрабрени од благиот раст на вкупниот кинески извоз, по петте лоши месеци, бидејќи тоа укажува на закрепнување во индустријата благодарение на зголемената глобална трговија.

„Најголемиот светски увозник на нафта (Кина) го губи апетитот за нафта и цените се под притисок бидејќи најголемиот светски производител, САД – продолжува да произведува со полна пареа“, објаснува Џон Еванс од „PVM Oil“.

Саудиска Арабија и Русија, двата најголеми светски извозници, во четвртокот ги повикаа сите членки на проширената групација OPEC+ да се приклучат на договорот за намалена понуда.

Алжир, пак, објави дека не ја исклучува можноста за уште позначајно намалување на понудата, во уште подолг период, бидејќи цената на нафтата падна на новото петмесечен минимум. OPEC+ неодамна одлучи дополнително да го намали снабдувањето во првиот квартал од 2024 година.

Рускиот вицепремиер Александр Новак во вторникот изјави дека групата е подготвена дополнително да ја намали понудата во првиот квартал за да ги елиминира, како што рече, шпекулациите и нестабилноста на цените.

Русија ветила дека ќе објави повеќе податоци за рафинирање и извоз откако OPEC+ побара од Москва поголема транспарентност за „тајните испораки“ на гориво поради западните сакнции, изјавиле наводно за Reuters извори од OPEC+ и од компании за следење бродови.