
Во Македонија во четвртокот ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места.
Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни.
Утринските температури се движат во интервалот од минус 1 до 6, додека соодветно максималните дневни ќе бидат од 0 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно со дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите попладне ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Темпертурата ќе достигне до 6 степени.