Велешанец пријавен за исчезнат пронајден мртов во своето хаварисано возило

Велешанецот кој ден претходно во полиција беше пријавен за исчезнат, денеска бил пронајден починат на централниот автопат „Пријателство“.

Според информациите, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди кои придонеле за смртта.

Денеска во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри по исклучувањето кон  езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки.

Во несреќата, од здобиените повреди починал 59-годишниот возач П.Д. од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, велат од СВР Велес.