
Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, положи цвеќе и оддаде почит на патронот на македонската култура, една од најзначајните личности за македонската писменост свети Климент Охридски, во рамки на одбележувањето на денешниот голем државен празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски“.
Во состав на владината делегација се заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи.
Пред споменикот на свети Климент Охридски, на платото пред истоимената Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, во Скопје, во чест на големиот просветител и духовник, основач на Охридската книжевна школа, положија цвеќе и оддадоа почит и делегации од Собранието , од Кабинетот на Претседателот, од Армијата, од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, претставници од дипломатски кор, од парламентарни политички партии.