Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата, затоа што таа е единствената функција која сѐ уште има етнички монопол

Потпретседартелот и порппарол на ДУИ, Бујар Османи во изјава во саботата за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која се уште има етнички монопол.

„Премиерот ќе биде дел од етничкото рушење. Потоа останува само еден дел, тој на претседателот на државата, кој ќе биде следната мисија на ДУИ. Ова е визијата на Али Ахмети, каде мандат по мандат, поглавје по глава, дел по дел го сочинува неговиот мозаик. Состојба на еднакви заедници“, вели Османи.

„Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, вели потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, и додава дека идејата е да се кршат етничките табуа и монополи за ниту една етничка група да не е пофаворизирана од друга

Одлуката техничката влада на сто дена пред избори да ја води Талат Џафери е историска поради тоа што за првпат се скршени етничните табуа и монополи при што ниту една етничка група не е пофаворизирана од друга, вели потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за ТВ 21, коментирајќи го изборот на актуелниот собраниски претседател за иден технички премиер.

„Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието се направи вистински пуч. Но, сега кога е избран по вторпат, веќе не е новост бидејќи е скршен монополот на Албанец да биде претседател на Собранието. Идејата е да се разбијат етничките монополи. Вториот премиер повеќе нема да биде тема“, рече Османи.
Според Османи, во наредните години земјава ќе го добие и првиот претседател кој ќе биде етнички Албанец.

„Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, додаде тој.

Прашан дали ДУИ ќе има свој кандидат на претседателските избори в година, Османи вели дека сè уште не е одлучено и дека се проучуваат сите можности.

„За претседател сè уште ништо не сме одлучиле, дали ќе излеземе со наш кандидат, дали ќе поддржиме консензуален или албански кандидат. Ги проучивме сите опции и го овластивме претседателот на партијата Али Ахемти да води преговори за секоја можна опција“, додаде Османи.

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера на состанок во партиското седиште го избра Талат Џафери за премиер на техничката влада на сто дена пред изборите, со што премиерската функција во земјава првпат ќе ја врши етнички Албанец.