
Натпреварот од 16. коло на шпанскиот фудбалски шампионат меѓу Гранада и Атлетико беше прекинат во 18. минута откако еден од гледачите на стадионот „Нуево Лос Карменес“ доживеа срцев удар.
Гостинскиот тим поведе пред прекинот со голот на Инаки Вилијамс во 6. минута.
Во 18. минута главниот судија Мигел Анхел Ортиз прекин на ограта, откако гостинскиот голман Унаи Симон му укажа на метежот на трибините, каде веднаш тргнаа лекарите на двата тима.
По повеќе од 20 минути чекање да продолжи дуелот, судијата ги испрати играчите во соблекувалната. Речиси еден час по прекинот на натпреварот, официјално беше соопштено дека натпреварот нема да продолжи денеска.
Засега нема други информации за околностите во кои настапила смртта на навивачот.