Сончево со умерена облачност

Во Македонија во понеделникот претпладнето по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. А во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста повторно ќе се зголеми.

Претпладне ќе дува слаб ветер од северен, а попладне слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температурите се движат од минус 5 до 0, додека соодветно максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 13 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе биде значително облачно. Температурата ќе достигне до 8 степени.