
Голема полициска акција во моментов се одвива на подрачјето на Скопје.
Се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.
И специјалците се на терен, а како што дознаваат повеќе медиуми, веќе уапсени се десетина лица.
МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.