
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска порача дека нема да има зголемени фактури за струја за домаќинствата од 1 јануари.
Во однос на побарувањето на енергетските компании, тој рече дека тие можат да побараат и 500% во делот на трошоците кои ги пријавуваат, но Регулаторната Комисија за енергетика ќе одлучи колку од тие трошоци ќе прифати.
„27% не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од МЕПСО, од ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум. Тие нема да бидат прифатени и затоа наведов дека цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе има дополнителна можност со евтината тарифа да бидат намалени трошоците“, вели Бектеши.