
Новата рунда натпревари во Евролигата започна со дуели на двата српски великани, со тоа што Црвена ѕвезда играше на домашен терен, а Партизан на гости во Каунас.
„Црвено белите“ беа во негативна серија во најелитното натпреварување и беше задолжително да се покажат во подобро светло, нешто што домаќините го направија во текот на целиот меч.
Алба Берлин беше надиграна во секој поглед и Ѕвезда запиша петта победа од стартот на сезоната, изразена со резултат 85:71 во преполната сала во Белград.
Слично како Ѕвезда, Партизан покажа сила и ја продолжи победничката низа во Евролигата, а до четврти последователен триумф стигна на секогаш незгодното гостување во Литванија.
„Црно-белите“ беа подобри од Жалгирис со 85:93 и се зацврстија на шестото место на табелата во Евролигата, последното место кое носи директен пласман во разигрувањето.