ФОТО| Пронајдени S.O.S сигнали на местото каде беа убиени заложниците, соопшти израелската војска

Сигнали S.O.S и „помош, тројца заложници“ на хебрејски јазик се пронајдени на ѕидовите од зградата во Газа каде се криеле тројца израелски заложници, пред да бидат по грешка убиени, потврди во неделата израелската војска.

Војската дистрибуираше фотографии со бели ткаенини на коишто буквите се испишани со црвена боја, најверојатно остатоци од храна. Биле истакнати на зграда околу 200 метри од местото каде што се убиени заложниците, изјави портпаролот на израелската армија, контраадмиралот Даниел Хагари.

Израелската војска во петокот ги идентификуваше тројцата заложници во Шеџаија, источното предргадие на градот Газа, како Јотам Хаим и Алон Шамриз, грабнати од кибуцот Кфар Аза, и Самер Ак-Талалк, грабнат од кибуцот Нир Ам.

Во денешното соопштение се наведува дека подигнале бело знаме, како и дека биле без маици кога биле убиени, што е против израелските правила на војување. Командантот на израелските сили им порача на војниците во Газа да внимаваат да не повторат таква грешка. Истовремено војската отворила истрага за овие три смртни случаи.

„Што доколку двајца жители на Газа излезат со бело знаме да се предадат, дали пукаме во нив? Апсолтино не. Дури и оние кои се борат против нас, доколку го положат оружјето и ги кренат рацет во вис, ги апсиме, не пукаме во нив“, изјави началникот на Генералштабот, Херзи Халеви.

Повеќе од 100 израелски заложници сѐ уште се во Газа, и се наоѓаат во изолирани места и покрај повиците на Израел да им се овозможи пристап до нив на претставници на Црвениот крст.

Во договорот постигнат во ноември, повеќе од 100 деца, тинејџери, жени и странци беа ослободени од заложништвото на Хамас во замена за пуштање на неколку стотини плаестински деца, малолетници и жени од затворите во Израел.

Во ненадејниот напад на Хамас без преседан на 7 октомври во јужен Израел, беа убиени 1.200 лица и одведени во заложништво 240 луѓе. Некои од нив, како што тврди палестинската енклава загинале во израелските одмазнички бомбардирања на Појасот Газа, во кои од 7 октомври вклучително и во копнената офанзива започната на 27 октомври се убиен речиси 19.000 луѓе, според податоците на палестинските здравствени власти.