
Во понедленикот во Македонија по студеното утро во текот на денот ќе преовладува сончево време. По одделни котлини има појава на утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 9 на повисоките места истокот од земјата, до минус 1 на југот, додека максималните дневни соодветено ќе бидат во интервалот меѓу 6 и 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, ќе преовладува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 7 степени.