
Фудбалерите на Ливерпул последни изборија пласман во полуфиналето на англискиот Лига куп, во четвртфинален меч на својот „Енфилд“ го совладаа Вест Хем со 5:1.
Во првото полувреме Ливерпул сосема заслужено поведе со 1:0 откако Шобошлаи упати остар удар од далечина во мрежата. Во продолжението од мечот заредија погодоците, најмногу во гостинската мрежа, па најпрвин Џонс во 56. минута и Гакпо во 71. минута го зголемија резултатот на 3:0.
Во 77. минута Боуен постигна почесен гол за гостите од Лондон, а до крајот следуваа уште два гола за домашните. Во 82. минута Салах ја круниса контранападот со гол за 4:1, додека Куртис Џонс погоди вторпат на мечот во 84. за конечните 5:1.
Полуфинале во вторник обезбедија Мидлсброу, Фулам и Челзи. Мидлсброу го победи Порт Вејл на гости со 3:0, додека Фулам и Челзи по изведувањето пенали беа подобри од Евертон и Њукасл.