
-Европската Унија е можност за секој земјоделец, за нашите производи да се пласираат на европските пазари, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, пред панел-дискусијата „Како интеграцијата во ЕУ ги зајакнува македонските земјоделци“.
Во вечерашното излагање тој информираше дека Македонија има 100 проценти искористеност на ИПАРД 2 програмата, додека во новата, ИПАРД 3 програма, има 97 милиони евра неповратни европски средства за модернизација и развој на македонското земјоделството. Ги посочи и новите закони поврзани со земјоделството од кои најголем дел произлегуваат од проектите од ЕУ и кажа дека како земја имаме привилегии што ги имаат и останатите членки во делот на земјоделството, иако не сме членка.