
Натпреварот од 17. коло на англиската Премиер лига меѓу фудбалерите на Бурнмаут и Лутон, кој беше прекинат поради срцев удар на теренот на играчот на Лутон ќе се преигра во целост, одлучи Англиската фудбалска асоцијација (FA).
Датумот на натпреварот сѐ уште не е познат, а првично одиграниот натпревар беше прекинат во 60. минута при резултат 1:1. Во тој момент сам на средината на теренот колабираше 29-годишниот Велшанец Том Локиер, капитенот на Лутон, кој доживеал срцев удар.
Дваесет минути подоцна, лекарите успеаја да потврдат дека Локиер се освестил. Од таа сабота, 16. декември, Локиер е на болничко лекување и според клупските информации тој е во стабилна состојба. Продолжуваат да се спроведуваат детални испитувања.