
Денес ја асфалтиравме улица 8 во населеното место Булачани која е во должина од околу 400 метри.
Навистина претставува задоволство кога граѓаните низ населените места не дочекуваат со насмевка на лицата.
Долги години на луѓето им биле давани лажни ветувања и биле оставани да газат кал. Тоа време во општина Гази Баба е завршено! Дадениот збор се исполнува!
Нашиот народ заслужува подобри услови за живот и на тоа работам од првиот ден на мојот мандат!
Само оваа година инвестиравме во реконструкција и ревитализација на голем број на локални улици, а со тоа темпо ќе продолжиме и следната година.
Создаваме дела за иднината!, пишува Стевковски во својата објава.