
Фудбалерите на Реал Бетис на домашен терен одигра 1:1 против водечката Жирона во рамките на 18 коло од шпанската Ла Лига.
Пред гостувањето во Севиља, Жирона која нема некои особени остварувања во шпанскиот фудбал, имаше дури седум лигашки гостински победи во низа, а во четвртокот вечерта беше на праго и на осмата, бидејќи водеше сѐ до 88 минута. Првиот погодок на мечот за гостите од Каталонија го постигна Украинецот Артем Довбик кога во 39 минута реализираше пенал.
Бетис, сепак, го избегна третиот првенствен пораз сезонава во 88 минута. Тогаш во гостинскиот шеснесетник се создаде мешаница којашто заврши со топовски удар на Пезела од 15 метри за конечните 1:1.
Во последниот денешен натпревар, Реал Мадрид со голот во втората минута од судиското продолжение на натпреварот дојде до трите важни бода на гостувањето кај Алавес. Тогаш по изведениот корнер пред домашниот гол најдобро реагираше нискито Лукас Васкез кој со глава погоди за победата. Реал од 54 минута играше со играч помалку, откако беше исклучен Начо.
Жирона остана на делба на првата позиција со Реал Мадрид со по 45 бодови, но Каталонците имаат послаба гол-разлика. Реал Бетис остана седми со 28 бодови, а Алавес остана на 16 место со 16 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање.
Мајорка на домашен терен ја совлада Осасуна со 3:2, иако гостите поведоа во седмата минута со голот на Пабло Ибањез. Сепак, само пет минути подоцна Матија Настасиќ израмни, а пресвртот дојде на почетокот на вториот дел. Стрелци беа Дани Родригез во 53 и Антониот Хозе Раиљо Аренас во 62 минута. Во првата минута од судиското надополнување за гостите погоди и Раул Гарсија.
Осасуна остана на 12-то место со 19 бодови, а Мајорка сега со 18 бодови е 14-та.
Претходно во првиот меч денеска Кадиз кој по 18 коло е 17-ти со 15 бодови одигра дома без голови со Реал Сосиедад кој со 31 бод е на шестата позиција на табелата.