Орбан: Русија спроведува операција во Украина а не води војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го доведе во прашање карактерот на руската воена интервенција во Украина според вокабуларот на западните сојузници, одбивајќи да каже дека станува збор за војна, а со својот избор на зборови го поддржа рускиот претседател Владимир Путин, критикува германската новинска агенција DPA.

„Тоа е операција, сѐ додека нема објава на војна меѓу двете земји“, изјави унгарскиот конзервативен суверенистички премиер на својата годишна прес-конференција во четвртокот во Будимпешта.

Та е одговор на новинарското прашање зошто неодамна избегнувалл да зборува за „војна“ во разговорите со Путин.

„Ние Унгарците никому не му диктираме со кои зборови треба да зборува за тоа. Драго ни е што тоа не е војна“, истакна Орбан и додаде дека од друга страна Украина е во војна појаснувајќи го тврдењето со капацитетите на ангажирањето на вооружените сили и карактерот на борбените операции.

Ако Москва објави војна, ќе започнеше целосна а не делумна мобилизација (на само еден отсто од резервниот состав – з.р.), додаде Орбан и рече дека „треба да се радуваме што тоа не се случи“.

Орбан, кој со години одржува тесни економски и политички односи со Москва, со рускиот претседател Путин се сретна во октомври во Пекинг на одбележувањето на кинеската иницијатива Појас и пат.

Недоумици кај новинарите предизвика и двосмислениот одговор на Орбан во врска со споровите со Брисел за замрзнатите 21 милијарди евра на Европската унија наменети за Унгарија. Од една страна ги отфрли обвинувањата дека тоа прашање сака да го поврзе со плановите на ЕУ за натамошна помош на Украина од вкупно 50 милијарди евра. Од друга страна, пак, истакан дека е строго против пресметувањето на оваа сума во седимгодиишниот буџет на ЕУ.

Според него, постои стравувања дека со огромната помош што ЕУ ѝ ја дава на Украина, нема да остане ништо од средствата кои во моментов се блокирани за Украина. Меѓутоа, Орбан рече дека суштински е финансиска поддршка за Украина, бидејќи Будимпешта којашто има шповеќегодишен според со Киев околу правата на унгарското малцинство во соседната земја, е сепак заинтересирана Украина да постои како држава, зашто според него Унгарија и Русија не треба да имаат заедничка граница.

„Унгарија верува дека е во нејзин интерес секогаш да има нешто (како тампон зона) меѓу нашата земја и Русија, а не заедничка граница“, рече Орбан.

Од почетокот на конфликтот во Украина, Унгарија постојано се спротивставува на санкциите за руските енергетски ресурси и испраќањето оружје за Украина. Во март 2022 година, унгарскиот парламент издаде декрет со кој се забранува снабдување со воена опрема на украинските вооружени сили од територијата на земјата. Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто го објасни потегот со тоа дека Будимпешта се обидува да ја обезбеди територијата на Закарпатија, каде што живеат етнички Унгарци, бидејќи снабдувањето со муниција преку нејзината територија ќе стане легитимна воена цел на руските сили. Владата на Орбан во неколку наврати нагласи дека Унгарија се залага за што побрз можен почеток на мировните преговори.