
Помладиот брат на Килијан Мбапе го одигра првиот официјален натпревар за ПСЖ.
Шеснаесетгодишниот играч за врска Итан Мбапе дебитираше за парижаните синоќа на мечот од Лига 1 со Мец (3:1). Тој влезе како замена во 92. минута и остатокот од натпреварот го помина на теренот со својот брат.
Токму Кулијан Мбапе со два постигнати гола беше најзаслужниот за победата на парижаните.
Мбапе Јуниор игра и за Пари Сен-Жермен селекцијата до 19 година. На 12 натпревари во сезоната за јуниорскиот тим постигна три гола и две асистенции.