Повеќе од 15 мртви во масакрот во Прага

Повеќе од 15 лица се убиени во пукањето на универзитет во Прага во четвртокот, а телото на напаѓачот било пронајдено во близина на областа на нападот, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е  24-годишен студент на уметничката академија на прашкиот Карлов Универзитет. Шефот на полицијата изјави дека телото на таткото на напаѓачот било пронајдено претходно во четвртокот.

BBC, повикувајќи се на полицијата, јавува дека напаѓачот е 24-годишен маж од селото  Кладенско, на 21 километар од Прага, идентифукуван како Давид Козак.

Чешката полиција нешто по 15 часот извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот Универзитет, на плоштадот Јан Палах. Полицијата тогаш извести дека напаѓачот е „елиминиран“. Но подоцна градоначалникот на Прага, Богуслав Свобода, објави дека осомничениот напаѓач извршел самоубиство.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека немало други напаѓачи и дека опасноста поминала.

Пукањето во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.

„Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Раку[ан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

На вработените на униврзитетот и студентите им беше кажано да останат во канцелариите за време на полициската интервенција. Плоштадот и неговата околина се затворени и во вечерните часа.

Карловиот Универзитет се наоѓа во стариот дел на градот, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост.