Калин Ивановски се сретна со Хабиб: Ми беше задоволство што те запознав! (ФОТО)

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски имаше средба со легендарниот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов.

Ивановски е во Дубаи каде тренира заедно со Новак Ѓоковиќ, а тенисерите имаа посета од пријатен гостин – УФЦ борецот Хабиб Нурмагомедов кој важи за икона во ММА спортот.

Македонецот објави слика на социјалните мрежи со Хабиб и изрази задоволство што имал прилика да го запознае.