
Шеснаесет-годишно момче почина во општата болница Кочани, каде што било донесено во бессознание.
Од полицијата известија дека момчето било донесено вчера околу 20.30 часот.
„И покрај укажаната лекарска помош и реанимација тој починал, а смрт констатирал лекар“, велат од МВР.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.