
Во саботата претпладне по котлините долж Повардарието има појава на слаба магла, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 6 и 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината по претпладневната слаба магла, во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Температурата ќе достигне до 10 степени.