
Сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла и тивко, попладне маглата ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Продолжува периодот на претежно тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониска дневна температура.