Во судството не чека многу работа, вели Мисајловски, срамно е што во обвинителството и правосудството граѓаните немаат доверба

Јас мислам дека верноста во судството сите граѓани знаат не само тие два проценти од анкетите кава е, полека и опаѓа, јас многупати велам дека тие што имаат врски се тие два проценти, другите се сите незадоволни. Таму треба огромни реформи, во судството и правосудството има добри закони и таму човечкиот фактор е пресуден за ова што се прави, ова денеска во Дневникот на МТВ 1 го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владон Мисајловски.

-Сите овие луѓе дали сегашниот обвинител или сите заедно, околу себе сите соработуваа со години, со рекети и корпуции и паѓање на општеството на такво дно се гледа тие кадри, врпочем таму ни треба многу работа, бидејќи слушнавме и од САД вложени се 500 милиони долари за подобрување на судството, зарем не е срамно во самата институција, обвинителство судство, правосудство да видат дека некој пробува да им помогне, но сепак зависи од тие луѓе што се внатре, вели Мисајловски.