Израелската армија мора да биде подготвена за инвазија во Либан, вели командантот Халеви

Израелската армија е сѐ поподготвена решително да ја прошири својата борба против шиитската милиција Хезболах во Либан, изјави началникот на Генералштабот Херци Халеви.

„Денеска одобривме различни планови за иднината и мораме да бидеме подготвени за офанзива доколку е потребно“, рече Халеви во средата за време на посетата на воениот штаб во северниот израелски град Сафед.

Израелските одбранбени сили „и во нивните рамки Северната команда се на многу високо ниво на подготвеност“, додаде тој.

Израелската армија е ангажирана во постојани борби со единиците на Хезболах во јужен Либан, откако исламистичкиот Хамас кое дејствува во палестинската енклава Појасот Газа ја нападна граничната област во јужен Израел на 7-ми октомври.

Хезболах во средата истрела ракети врз израелскиот пограничен град Кирјат Шмона, а израелската полиција соопшти дека се оштетени неколку згради. Никој не е повреден.

На почетокот на војната во Газа, властите од безбедносни причини преместија десетици илјади жители од северниот регион во внатрешноста на земјата.

Три лица, меѓу кои и еден борец на Хезболах, беле убиени во средата во израелските напади врз позициите на Хезболах во јужен Либан, јави либанската новинска агенција NNA.

Овие битки од почетокот на октомври претставуваат најсериозен воен конфликт од втората либанска војна во 2006 година. Но, набљудувачите велат дека двете страни сè уште следат одредени непишани правила, бидејќи досега избегнуваа натамошна ескалација.

Хезболах, кој е поддржан од Иран, ја контролира владата во Либан и има арсенал на ракети кои претставуваат закана за Израел. Еврејската држава, од друга страна, се смета дека е воено способна да му нанесе неизмерна голема штета на Либан.

Либанската шиитска групација Хезболах, која е поддржувана од Иран, е активна во јужен Либан и во Сирија, чијашто територија на Голанската висорамнина Израел ја анектираше во 1981 година.

Хезболах, чии милиции се вооружувани и обучувани од Иран, е далеку помоќна борбена форамција од палестински Хамас, а разликата е и во припадноста на шиитскиот и сунитскиот огранок на исламот. Од последната војна меѓу Израел и Хазболах во 2006 година, либанското движење стана многу помоќно. Се проценува дека Хазболах има арсенал од повеќе од 100.000 ракети, а покрај тоа неговите единици се здобија со богато борбено искуство учествувајќи од 2011 година во војната во Сирија.

Хезболах и Израел водеа две големи војни од 1980-тите. Израелските трупи беа принудени да се повлечат од Либан по конфликтот во 2006 година. Хезболах има значително присуство во јужен Либан и периодично се конфронтира со израелските сили кои патролираат по границата.

Во војната од 2006 година со израелската сила, Хезболах се покажа како сериозен противник, а воените аналитичари предупредуваат дека неговите борци се стекнале со големо борбено искуство со учеството во војната во соседна Сирија започната од 2011 година, и оти движењето е добро вооружено благодарејќи на целосната поддршка од Иран.

Движењето на шиитската заедница во Либан со неговото воено крило е формирано во заднината на долгата граѓанска војна со вмешаност на САД и Израел во 1982 година со поддршка на Иранската револуционерна гарда. Се смета дека е најдобро вооружена групација во регионот на Блискиот исток, а се здоби со големо борбено искуство учествувајќи во регионалните војни главно во Сирија на стрнаа на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Шиитски Хезболах и сунитски Хамас во блискоисточните војни многу често беа на различните страни, па дури имаше и меѓусебни судири. Меѓутоа, заедничко им е крајната нетрпеливост и непријателство кон Израел