
САД соопштија дека ѝ доделиле на Украина 250 милиони долари помош за одбрана. Тоа е последната транша од помошта достапна без ново гласање во американскиот Конгрес.
„Императив е Конгресот да дејствува што е можно поскоро за да ги унапреди нашите национални безбедносни интереси помагајќи ѝ на Украина да се одбрани“, напиша државниот секретар Ентони Блинкен во изјавата.
Во горниот дом на Конгресот, Сенатот, мнозинство е Демократската партија, чии редови се Блинкен и американскиот претседател Џозеф Бајден.
Претходно овој месец пакет од 111 милијарди долари помош за Тајван, Израел и Украина од кои 61 милијарда за Украина беше закочен од страна на Републиканците.