
Во недела (31.12.2023 год) и понеделник (1.01.2024 год) јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, при што на 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Од ЈСП додаваат дека во овие 2 дена билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.
Од вторник (2.01.2024 год) јавниот превоз и сите услужни центри на ЈСП ќе продолжат да функционираат вообичаено, притоа возниот ред ќе биде редуциран и ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Жичарницата на 31.12.2023 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.