
Премиерот Димитар Ковачевски доаѓањето на новата година ќе ја прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња, а денот ќе го заврши со семејството.
-Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пијачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала Партизан во скопски Карпош.