Утре е големиот христијански празник Богојавление – Водици

На полноќ се отвора небото. Според православниот обичај, во домовите се пуштаат чешмите, за да се освети водата и се означува големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Денеска, ден пред празникот на празниците меѓу верниците позната како Водокрштение и Водокрст или Водопост, е строг пост.
Инаку празникот Водици се празнува два дена. Првиот, утре 19 јануари, Богојавление.

И вториот ден, 20 јануари, е празник на  собор на Свети Јован Крстител. Именден слават сите чие име е Јован.

Утре веднаш по утринските богослужби што ќе се одржат во сите цркви и манастири од македонската православна црква-Охридска архиепископија ќе бидат осветени светите води во сите градови и во населени места во Македонија.

Осветената вода се чува за здравје во домот до следното Христово крштевање.