
Во Полициската станица Струмица синоќа во 00:47 часот било пријавено дека во деловен објект во Струмица била пронајдена почината 43-годишната Л.П. од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.
Според информацијата од обвинителката Виолета Милчовска од ОЈО Струмица, нема сомнежи за насилна смрт и траги на насилство, но заради целосно утврдување на причините за смртта телото на починатата е дадено на обдукција.
Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.