Примера: Жирона во луд натпревар го победи Атлетико, води „мртва трка“ со Реал

Фудбалерите на Жирона остануваат во „мртва трка“ за врвот на табелата со Реал Мадрид и по 19. коло од шпанското првенство, во кое пред своите гледачи го совладаа Атлетико Мадрид со 4:3 (3:2) во натпреварот кој избоилуваше со пресврти.

Веќе во 2. минута од натпреварот домашните поведоа со голот на Валери Фернандез. Сепак, во 14. минута Алваро Мората избегна офсајд замка на домашната одбрана и постигна израмнувачки гол, прв од трите што ги постигна на овој меч. Жирона повторно поведе во 26. минута со голот на Бразилецот Сави, а во 39. минута холандскиот ветеран Дејли Блинд ја зголеми предноста на домашните на 3:1. Во 44. минута Мората повторно погоди за намалување на негативата на Атлетико, а само две минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата, но голот оправдано беше поништен поради недозволена поиција.

Сепак, во 54. минута 31-годишниот шпански напаѓач се најде во легална позиција и со „хет-трик“ израмни на 3:3. Тој резултат стоеше до првата минута од дополнителното време, кога Иван Мартин од шеснаесетникот, опкружен со дефанзивците на Атлетико, успеа да упати итар удар во горниот лев агол покрај немоќниот Јан Облак за големо славје на стадионот „Монтилви“.

Така Жирона со 48 бода повторно се израмни со лидерот Реал Мадрид кој на домашен терен ја победи Мајорка со 1:0. Зад ове два тима заостануваат 10 бода зад третопласираните Атлетико и Барселона, а каталонскиот тим има натпревар помалку.

Капитенот на Реал Мадрид и хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ беше асистент на единствениот гол со кој неговиот тим ја совлада Мајорка на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и ја оствари 15-та победа во оваа сезона во Ла Лига. Во 78. минута Модриќ од корнер испрати центаршут на главата на германскиот дефанзивец Антонио Рудигер за неговиот прв гол во оваа сезона во Ла Лига.

Во средата Селта Виго беше домаќин на Бетис од Севиља и победи со 2:1 длабоко во судиското продолжение, иако гостите од Андалузија поведоа во 6. минута со голот на Аитор Рубиал. Селта израмни во 16. минута, кога Иаго Аспас реализираше пенал. Конечните 2:1 ги постави 19-годишниот Швеѓанец Вилиот Сведберг во шестата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Со оваа победа Селта дојде до 16 бода и ја напушти зоната за испаѓање искачувајќи се на 17-та позиција. Бетис го претрпе третиот пораз во оваа сезона во Ла Лига и се наоѓа на седмото место со 28 бодови.

Фудбалерите на Гранада ја постигнаа првата победа од 21-ви август минатата година совладувајќи го Кадиз со 2:0 (1:0). Гранада поведе во 22. преку албанскиот напаѓач Мирто Узуни, а конечните 2:0 ги постиви Брајан Сарагоса во 70. минута.

За гостите од Кадиз во продолжението од првото полувреме судијата Хуан Луис Пулидо досуди пенал, но по интервенција на ВАР-от ја прегледа снимката и ја поништи првобитната одлука. ВАР му помогна и да му покаже црвен картон на напаѓачот на Кадиз, Рубен Собрин во 54. минута, бидејќи во дуел без топка удри противнички играч.

Со втората првенствена победа, по серијата од 10 порази и пет нерешени, Гранада стигна до 11 бода, но сепак сѐ уште е на претпоследното место на табелата. Кадиз е место погоре со пет бодови повеќе, но и тој е во зоната која води следната сезона во Сегунда.