Променливо облачно со локален дожд, и натаму релативно топло

Во четвртокот во Македонија ќе преовладува шроменливо облачно време, а долж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла.

Од пладневните часови во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.

Температурите и натаму се високи за овој период од годината. Утринските се движат од минус 3 до 2, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интрвалот меѓу 6 и 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно а утрото е магливо, претежно во пладневните часови краткотрајно со услови за дожд. Температурата ќе биде до 11 степени.