
Српскиот политичар Срѓан Ного објави исечоци од снимки и наметна нови дилеми во јавноста поврзани со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Тој најавува дека утре ќе објави снимки од грабнувањето на Вања Ѓорчевска, пред и по киднапирањето.
Во видео најавата, тој објави тонски запис, а за утре најави цела снимка од разговор меѓу таткото на Вања и инспекторите во МВР.
Ного тврди дека токму таткото на Вања, а не полицијата, ги открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето неговата ќерка и Панче.