Куп на Франција: Лил постигна 12 гола против тим кој три дена патуваше за натпреварот

Куп на Франција: Лил постигна 12 гола против претставникот од Мартиник

Фудбалерите на Лил постигнаа дури дванаесет погодоции и го совладаа нисколигашот Голден Лион со 12:0 во 1/32-финалето од Купот на Франција на домашен терен.

„Златниот лав“, шампион на прекуоклеанската француска територија Мартиник, и една од неколкуте прекуокеански екипи од француските територии кои се пласираа во националниот Куп, уште во првата рунда се соочија со еден од подобрите клубови во елитната класа Лига 1 – Лил и нивното патување започна во средата со директен лет за Париз.

Три дена подоцна, очекувано, тие не беа достојна конкуренција на Лил. Во последните петнаесет минути од првото полувреме фудбалерите на Лил постигнаа дури пет гола, односно постигнуваа во просек на секои пет минути. По три гола постигнаа Едон Жегрова, играч од Косово и Канаѓанецот Џонатан Дејвид.

Испадна и една прволигашна екипа, претпоследниот тим на табелата на Лига 1, Лориен, беше поразен со 1:2 од третолигашот Сошо. Со голот на Пелон во третата минута Лориен водеше до дваесетина минути пред крајот. Потоа се случи пресврт, а головите за Сошо ги постигнаа Дахо и Макалу од пенал во 93. минута.

Второпласираната Ница во Лига 1 се пласираше натаму дури по домашната победа од 4:2 против Оксер, моментално второпласиран во втората лига. Во основните 90 минути немаше голови.