
Зимската распродажба во Грција почнува од утре и ќе трае до крајот на следниот месец, а попусти има и до 70 отсто. Оваа голема распродажба ќе трае до 29.02.2024.
Заинтересираните ќе имаат можност да одат на шопинг и во недела на 14 и 21 јануари, но со редуцирано работно време од 11 до 18 часот.
Станува збор за попусти на облека, мебел, апарати за домаќинство.