
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека на 11 јануари ќе имаат извршен комитет и централен комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри, по што ќе се знаат имињата.
Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за техничката влада, Мицкоски вели дека неговиот став е јасен и ќе го соопшти и на централниот и на извршен комитет на партијата.
„Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДМНЕ и ќе се воздржиме од гласање“, рече Мицкоски.