НБА лига: Пејсерс ги запреа водечките Селтикс и покрај рекордот на Браун

Индијана Пејсерс ноќта кон вторникот на домашен терен ги совладаа првиот тим на Истокот и НБА лигата, Бостон Селтикс со 133:131, а победата ја обезбеди Бенедикт Матурин кој на 0,6 секунди пред крајот на натпреварот изведе две слободни фрлања.

Натпреварот беше израмнет на две секунди до крајот кога играчите на Индијана му ја дофрлија топката на Матурин, а Кристапс Порзингис го фаулираше при обид за три поени. Откако изведе две слободни фрлања, Матурин, кој ги предводеше Пејсерси со 26 поени, намерно го промаши третото. Лук Корнет имаше шанса да израмни со звукот на сирената, но топката удри во обрачот и се одби во поле.

Меѓутоа, тоа можеби е скапа победа за Индијана бидејќи нивниот бек Тајрис Халибартон се повреди. Пред да излезе од теренот, Халибартон постигна седум поени со два скока и шест асистенции. Селтикс загубија и покрај рекордните за сеознава 40 поени на Џејлен Браун. Џру Холидеј додаде 21 поен, шест скока и шест асистенции.

Лос Анџелес Клиперс синоќа на домашен терен го победија Феникс Санс со високи 138:111. Пол Џорџ беше најдобар стрелец на Клипепрс, натпреварот го заврши со 25 коша, а Џејмс Харден додаде 19 и 10 асистенции, додека Ивица Зубац повторно се истакна и за нецели 28 минути на паркетот постигна 19 поени со 8 од 9 шут и додаде осум скока и три асистенции. Феникс го предводеше Кевин Дурент со 30 поени, а Девин Букер постигна 20.

Клиперс шутира 66,7 отсто од поле во првото полувреме, а натпреварот го завршија со рекордни за сезоната 62,4 отсто. И покрај тоа што шутираа 51,2 отсто во првото полувреме, Санс останаа во сенка на поефикасниот напад на Клиперс. Феникс шутираше 51,6 проценти во три четвртини пред да падне на 49,4 проценти вкуони на натпреварот.

На крајот од првата четвртина Клиперс водеа со 34:31, а на полувремето го зголеми водството на 71:63. Санс успеваа да останат релативно блиску благодарение на реализацијата по осумте загубени топки на Клиперс на 16 поени. На крајот на третата четвртина Клиперс водеа со 101:91, а добивајќи ги Санс со 37:20 во последната четвртина.

Чикаго Булс по продолжението ги совладаа Шарлот Хорнетс со 119:112. Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Коби Вајт со 27 поени. Булс ги постигнаа првите осум поени во продолжението, со двата коша на Никола Вучевиќ. Бекот на Хорнетс, Тери Розиер постигна 39 поени со осум асистенции, но не постигна кош во продолжението. Мајлс Бриџис постигна 24 поени, Ник Смит Џуниор впиша 15 поени од клупата, а Ник Ричардс постигна 10 поени за Хорнетс, кои загубија 13 од последните 14 натпревари.

Јута Џез ја забележаa 11-та победа во последните 15 натпревари, совладувајќи ги Милвоки Бакс со 132:116. Џордан Кларксон и Лаури Марканен постигнаа по 21 поен. Џезерите водеа со дури 33 поени во првото полувреме и имаа водство од 77:46 на полувремето, пред Милвоки да се приближат до седум, нешто повеќе од 6 ипол минути во последната четвртина. Но, Џезерите брзо тргнаа во серија од 9:0 за да се извлечат. Јанис Адетокумбо впиша „трипл-дабл“ учинок од 25 поени, 11 асистенции и 10 скока за Милвоки.

Оклахома Сити Тандер ги победија Вашингтон Визардс со 136:128 на гостински терен. Шаи Гилџеус-Александер постигна 32 поени, а дебитантот Чет Холмгрен додаде 31 за Оклахома за да ја прекине серијата од два порази. Џордан Пул ги предводеше Визардс со 24 поени. Кајл Кузма додаде 22 поени и рекордни за сезоната 15 скока.

Мајами Хит на домашен терен ги победија Хјустон Рокетс со 120:113, а Тајлер Херо и Бам Адебајо постигнаа комбинирани 50 поени за победа на нивниот тим. Адебајо постигна 22 поени и забележа рекордни 12 скока, а Херо додаде 28 поени. Кај Хјустон најдобар беше Фред ВанВлит со 32 поени и седум асистенции што е негов резултат на сезоната. Алперен Сенгун постигна 22 поени со 11 скока.