
Денеска ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне на некои места во североисточните делови ќе провејува слаб снег, а преку денот ќе биде променливо облачно и студено.
Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 6 до 2, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу минус 3 и 7 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер, со температура до 5 степени.