
Иранската морнарица запленила американски танкер во водите на Оманскиот залив, јавува иранската агенција Tasnim. „Морнарицата на Исламската Република Иран со судска одлука заплени американски танкер со нафта во водите на Оманскиот залив“, се наведува во соопштението без да се додадат други поединости.
Претходно во четвртокот британски воени извори објавија дека на нафтениот танкерот кој минатата година беше предмет на спор меѓу САД и Иран, во четвртокот се качила вооружена група во близина на брегот на Оман и се чини дека сега плови кон Иран.
Напаѓачите на танкерот „St Nikolas“, кој плови под знамето на Маршалските Острови се истовариле во близина на оманскиот град Сохар, објави британската компанија за поморска безбедност Ambrey.
Системот за следење на бродот бил исклучен додека се движел во правец на иранското пристаниште Бандар-е-Џаск.
Соединетите држави го запленија танкерот „St Nikolas“ 2023 година, во рамки на нивните санкции против Исламската Република, додека пловеше под името „Suez Radјan“, потсетува агенцијата Reuters.
САД тогаш тврдеа дека Иранската револуционерна гарда наводно го користела за испорака на иранската санкционирана нафта во Кина. Танкерот тогаш пловел од ирачкиот пристанишен град Басра кон турската Алијага, преку Суецкиот канал.
Нафтениот танкерот има екипаж од 19 луѓе, 18 Филипинци и еден Грк, а бродот е изнајмен од турската нафтена компанија Тупрас.
Јеменските Хути напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море како спротивставување на израелската офанзива врз Газа, но нивните операции досега беа ограничени на теснецот Баб ал-Мандаб на крајниот југозапад од Арапскиот полуостров.