
Најстариот неделен весник во Србија остана без новинари, бидејќи членовите на редакцијата и колегиумот НИН објавија дека колективно се откажале од работа поради најавената промена на концептот на неделникот.
Главниот уредник Милан Ќулибрк се повлекува од функцијата, а минатата недела заменик-уредникот Весна Малишиќ се пензионираше и одби понатамошен ангажман што и бил понуден од весникот.
Членовите на колегиумот и редакцијата на неделникот НИН оставките ги доставиле кај новата сопственичка Јелена Дракулиќ Петровиќ.
Причина, велат, е најавата за промена на концептот на неделникот и тоа што не се убедени дека ќе можат да работат како досега, бескомпромисно и професионално.
НИН беше еден од ретките медиуми кој имаше критички однос кон режимот на Српската напредна странка и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.