
За време на викендот ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност, информира УХМР.
Утре температурата ќе се движи од -11 до 7, а задутре од -12 до 8 степени.
Во почетокот на следната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде ќе се формира нова снежна покривка.
Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег.