
Во неделата во Македонија ќе провладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од минус 12 до минус 6, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот од 0 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 5 степени.