
Ноќеска околу 2 часот по полноќ на бензинска пумпа во Атина, непознати напаѓачи испукале 80 куршуми од автоматско оружје во 44-годишниот сопственик на пумпата, објавија грчки медиуми.
Жртвата била застрелана во својот автомобил, каде што починала на самото место, додека автомобилот бил изрешетан со куршуми.
Според неофицијални информации, напаѓачите користеле црн џип, а на местото на злосторството биле пронајдени 81 чаура.
Жртвата веќе им била позната на властите, бидејќи била цел на оружен напад во 2018 година во близина на пристаништето Пиреј.
Полицијата го пронашла џипот во Атина, откако напаѓачите го запалиле за да ги прикријат трагите.