
Времето ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 8 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд во делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 3 степени.
Утре и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег од што ќе се зголеми снежната покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег. Од утре ќе започне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително кон крајот на работната недела.