
Руската противвоздушна одбрана одбила напад на украински беспилотни летала врз градот Воронеж, изјави гувернерот на регионот. Сепак, рацијата резултираше со мала штета на повеќе згради и со повреда на девојче.
Нападот се случил во раните утрински часови во вторникот, според гувернерот на Воронеж, Александар Гушев.
„Над Воронеж, дежурните системи за противвоздушна одбрана одбија напад на украински беспилотни летала. Според првичните информации, нема жртви“, рече тој.
Министерството за вонредни ситуации подоцна потврди дека фрагменти од едно беспилотно летало удрило во станбена зграда и рече дека на едно дете му била потребна медицинска помош по нападот. „Девојчето родена во 2013 година има исекотини на раката, ногата и на вратот. На нестото на настанот е укажана медицинска помош“, рече гувернерот.
Официјалниот претставник додаде дека пожар избувнал во една станбена зграда, но бил изгаснат, а прозорците биле искршени и во други објекти и повеќе приватни домови.
Нападот уследи по низата слични напади со беспилотни летала врз градови во близина на руско-украинската граница, каде што многу региони се ставени во состојба на готовност. Ваквите упади ескалираа од минатото лето, поради неуспешната контраофанзива на Киев.