
Прилепчанец на 80-годишна возраст претпладнето е пронајден мртов во двор на фарма на периферијата на Пилеп, крај стариот пат за Битола. Итната медицинска помош констатирала смрт, но и дека делови од неговото тело биле изедени од свињи.
Увид направија полицијата и основен јавен обвинител, кој нареди обдукција за да се констатираат причините на смртта на прилепчанецот.
Екипата на Итната медицинска помош повикот го добила околу 11 часот.
– Телото на починатиот го пронашол неговиот син, a повикот за интервенција го добивме од комунален работник кого синот го замолил да се јави. Според кажувањето, тој татка си го немал видено една недела, а соседите велат дека последно го виделе во понеделникот – велат од службата за Итна помош од Прилеп.